Професорот од драчевската гимназија обвинет и за обљуба

Ново обвинение и нов судски процес за професорот од драчевската гимназија Јордан Илиоски. Се товари за кривични дела „обљуба со злоупотреба на службената положба“ и за „задоволување на полови страсти пред друг“, но на други четири ученици, објави Канал 5.

Се товари дека делата ги сторил пред три години за кога се однесува и другиот судски предмет.

На Илиоски од претходно му се суди за задоволување полови страсти и полови дејствија врз други тројца ученици. Еднаш доби ослободителна пресуда но, Апелација ја укина и го врати тој предмет на повторно судење во Кривичниот суд. Неговата одбрана и тогаш беше дека е невин и дека вработени во училиштето го местат и ги врбуваат учениците лажно да го обвинуваат, пишува Канал 5.

Судењето се одвива без присуство на јавноста бидејќи оштетените се малолетни.