Професорскиот пленум јавно прифати дебатата да се оддржи во Собрание

Премиерот Никола Груевски денеска ги повика професорите кои се против државниот испит и реформите во високото образование да се приклучат на дебатата која беше закажана во хотелот „Александар Палас“.

По краткиот разговор, Груевски ги праша професорите каде сакаат да се одржи дебатата, бидејќи тие не се согласуваа истата да се одржи на закажаното место. Нивниот одговор беше дека сакаат дебатата да биде во Собрание.

Дебатата со Интеруниверзитетската коференција, на која ќе присуствуваат и членови на професорскиот пленум  е презакажана за денеска во 13:30 часот во Собранието на Република Македонија.

МОН завчера ја упати поканата за дебата до Велимир Стојковски, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и претседател на  Интеруниверзитетската конференција, и таа е прифатена, како што беше посочено, во насока на подобрување на високото образование.

Покрај членови на Интеруниверзитетската конференција, МОН на дебатата покани и по пет професори кои во јавноста изразиле забелешки и несогласување со реформите и по петмина професори кои ги поддржуваат реформите во високото образование кои ги иницираше Владата.

Целта е да се слушнат повеќе мислења, а професорите, наведува МОН, ќе ги определи самата Интеруниверзитетска конференција.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.