Колумни

Проглас и дејствие или само проглас

Проглас и дејствие или само проглас

Во последните 150 години во Македонија се објавени десетици Прогласи, Манифести, Меморандуми поврзани со македонскиот народ и држава. Тоа е богата, но ВЕРБАЛНА ИСТОРИЈА. Наспроти таа вербална историја од повици, декларации и заколнувања имаме само две реченици РЕАЛНА ИСТОРИЈА:

Прво, создавањето на Македонската Република во составот на Југословенската Федерација;

Второ, осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година и нејзиното трансформирање за овие 25 години во протекторат и колонија.

ВЕРБАЛНАТА ИСТОРИЈА Е ЗА ДОМАШНО КОРИСТЕЊЕ, РЕАЛНАТА ИМА СВЕТСКО ЗНАЧЕЊЕ. ТОА Е ИСТО КАКО УСТАВНОТО ИМЕ КОЕ ГО КОРИСТИМЕ ДОМА И РЕФЕРЕНЦАТА СО КОЈА НЕ ОСЛОВУВААТ ВО ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ. РАЗЛИКАТА МЕЃУ ЕДНАТА И ДРУГАТА ИСТОРИЈА, МЕЃУ ИМЕТО И РЕФЕРЕНЦАТА Е ВСУШНОСТ РАЗЛИКА МЕЃУ ЖЕЛБА И ДЕЈСТВИЕ, МЕЃУ ТОА ШТО МИСЛИМЕ И САКАМЕ, И ТОА ШТО ГО ПРАВИМЕ.

На 17 декември Никола Груевски го прочита Прогласот на ВМРО-ДПМНЕ во шест точки:

Прво, нема да се дозволи на Заев да формира влада,

Второ, македонската држава суверено ќе носи одлуки без мешање на странскиоте фактори,

Трето, ќе биде напуштен форматот „лидерски преговори“ со учество на надворешни фактори,

Четврто, нема да биде допуштена кантонизација и редефинирање на државата,

Петто, десороизација на Македонија,

Шесто, влегување на Македонија во НАТО и ЕУ.

И на децата им е јасно дека точка 6 е спротивна на останатите пет, затоа што АРГУМЕНТ НА СТРАНЦИТЕ ЗА МЕШАЊЕ ВО МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТИ Е НАЈАВАТА ЗА ЧЛЕНСТВО ВО НАТО И ЕУ. БЕЗ ТАА НАЈАВА МЕШАЊЕТО ЗНАЧИ ДИРЕКТНА ВОЈНА ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА, КОЈА ДУРИ НИ ЗАПАДОТ НЕСМЕЕ МОМЕНТАЛНО ДА СИ ЈА ДОЗВОЛИ.

На изборите на 11 декември победи…