среда, 28 јуни 2017  |  Вести денес: 33

Проглас и дејствие или само проглас

StefanVlahovMitcov

Последни вести

На изборите на 11 декември победи ВМРО-ДПМНЕ, но албанските партии кои имаат вкупно 20 пратеници, не сакат да коалицират без да бидат исполнети нивните услови за кантонизација и редефинирање на државата. Така, со своите 51 пратеници ВМРО-ДПМНЕ не може да направи влада. Кратко кажано, има два излеза: ПОПУШТАЊЕ ЗА ДА СЕ НАПРАВИ ВЛАДА или НОВИ ИЗБОРИ. САМО ШТО, ЗА ДА ИМА НОВИ ИЗБОРИ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД МОРА ДА ЈА ЗЕМЕ СУДБИНАТА ВО СВОИ РАЦЕ. Доколку ВМРО-ДПМНЕ не успее да направи влада, мандатот оди кон СДСМ, тие ќе коалицираат со албанските партии и така би ја уништиле државата.

Ќе потсетам, дека во 1990 година ВМРО-ДПМНЕ го имаше мнозинството во Собранието, но попушти и беше направена најпрвин техничка влада, па потоа влада на СДСМ со Бранко Црвенковски. Кога беше сменет Уставот, беше наметната референцата наместо уставното име, ВМРО-ДПМНЕ тогаш правеше митинзи на улица, но СЕ БЕШЕ ПОПУСТО.

ЗАТОА ШТО ДРЖАВА НЕ СЕ БРАНИ СО МИТИНЗИ. НИЕДНА ДРЖАВА ДОСЕГА ВО СВЕТОТ НЕ СЕ ЗАЧУВАЛА ПРЕКУ ИЗБОРИ И СО ПЕНКАЛО. Не е случајно дека македонскара република, добиена со крв во 1944 година, се зачувала 45 години а „самостојната, суверена и независна“ држава добиена на референдум, оди кон пропаст. Доколку и сега ВМРО-ДПМНЕ продолжи по истиот пат од 90-те години на минатиот век, резултатот ќе биде ист како тогаш.

Уште по победата на Трамп во САД напишав дека мора ТЕРОРИСТОТ БЕЈЛИ ИТНО ДА БИДЕ ПРОТЕРАН ОД МАКЕДОНИЈА, со образложение дека политиката која ја спроведува, се коси со новиот курс на Трамп. Доколку Претседателот Иванов имаше храброст да го направи, резултатот од изборите ќе беше сосема друг, немаше да има прегласување, Албанците ќе си легнеа на брашно, а ВМРО-ДПМНЕ по потреба, без проблеми ќе коалицираше со ДУИ. Само што, на каков јазик да му биде објаснето на Иванов таа проста поврзаност меѓу Бејли и македонските избори? На каков јазик да му биде објаснета на Груевски катастрофата со НАТО и ЕУ? На каков јазик да им биде објаснето на македонските политичари и функционери дека тероризмот во Македонија влегува преку односите со НАТО и ЕУ?

Прогласот на ВМРО-ДПМНЕ (без точката 6) може да има битно значење КАКО ПРВ ЧЕКОР САМО ДОКОЛКУ СЕ ТРАНСФОРМИРА ВО ДЕЈСТВИЕ. Притоа, не преку голо митинганство, колку да се имитира реакција. Само со „храбри“ зборови и потоа секој дома. Кога ќе каже: Нема да дозволам тоа и тоа, мора да се оди докрај, независно од опструкциите, од надворешните фактори, од уцените и заплашувањата.

ПРОСТО ОДИШ ДОКРАЈ, ДО ПОБЕДА БЕЗ ОГЛЕД НА ЦЕНАТА.

На прегласувањето во Теарце, СДСМ и албанските партии направија генерална репетиција за гласањето во Собранието. Затоа и Шилегов изјави дека гласањето било само „симболично“. Албанските приврзаници во Теарце гласаа дисциплинирано, војнички. Симболично – по еден глас за ДУИ, ДПА и Алиајансата на Албанците, а останатите 245 гласови за СДСМ.

ТОА ЗНАЧИ ДЕКА ВЕЌЕ ПРАКТИЧНО ФУНКЦИОНИРА ОПШТ ФРОНТ ПРОТИВ ВМРО-ДПМНЕ.

Прв резултат од тој антимакедонски фронт ќе биде изборот за претседател на Собранието да биде Албанец, а за ова Ахмети инсистира веќе подолго време.

Втор резултат ќе биде антимакедонска влада со Заев.

ОВА СЦЕНАРИО МОЖЕ ДА БИДЕ СПРЕЧЕНО САМО ОД МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, А ПОТОА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ ПРЕКУ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА И НОВИ ИЗБОРИ. А, УЛОГАТА НА ВМРО-ДПМНЕ ПОЗИТИВНО МОЖЕ ДА БИДЕ ДА НЕ ГО СМИРУВА КАПИТУЛАНСКИ НАРОДОТ КАКО ВО ПОСЛЕДНИТЕ 25 ГОДИНИ. И БАРЕМ ЕДНАШ ДА ГО РЕАЛИЗИРА ДОКРАЈ СВОЈ ПРОГЛАС.

ТОА ЌЕ ГО ДОЗНАЕМЕ ШТОМ ЌЕ СЕ КОНСТИТУИРА СОБРАНИЕТО И ЌЕ СЕ ИЗБЕРЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ.

Најчитани вести