Балкан

Прогласена мобилизација во Добој

Прогласена мобилизација во Добој

Обрен Петровиќ, граоначалникот на Добој, денеска прогласи општа мобилизација на целото работоспособно население, поточно мажи од 18 до 60 години и жени од 18 до 55 години за чистење на градот кој е оштетен од поплавата.

Петровиќ истакна дека голем број од жителите своето прибежиште го нашле во приградските населби што било лоша порака за волонтерите кои од други делови на Република Српска и Босна и Херцеговина дошле да помогнат при чистењето.

Во Добој со работа започна и јавната кујна која подготвува по 1.500 оброци дневнно, а намирници се обезбедени за три месеци.