Прогласена вонредна ситуација во Унгарија

Прогласена вонредната ситуација во Унгарија
Прогласена вонредна ситуација во Унгарија

Поради бегалската криза унгарските власти денеска ја проширија вонредната ситуација на целата земја и истворемено одлучија да испратат дополнителен број полицајци и војници на својата јужна граница, пред се, за да спречат влез на мигранти, јави Танјуг.

Унгарскиот министер за внатрешни работи Шандор Пинтер изјави дека овие мерки се неопходни заради неизвесноста околу тоа каде ќе отидат бегалците и мигрантите кои не можат да го продолжат патот кон западна Европа, откако неколку балкански земји соопштија дека ќе пуштаат само луѓе со важечки документи.

Официјална Будимпешта минатата година прогласи вонредна состојба во неколку окрузи директно погодени од приливот бегалци.

Покрај тоа, Унгарија крена ограда од жица на границата со Србија и Хрватска, која значително го намали бројот на бегалци кои влегуваат во Унгарија на патот кон богатите члнеки на ЕУ.

Пинтер додаде дека изградбата на ограда на границата со Романија засега не е потребна бидејќи оваа земја ветила дека ќе спречи бегалците од таму да минуваат во Унгарија.