Прогласена вонредна состојба бо државата Јужна Каролина

Американскиот претседател претходно во четвртокот прогласи вонредна состојба на Флорида поради приближување на „Метју“.

Властите на американските држави Флорида и Џорџија наредија евакуација на најмалку два милиона луѓе поради опасноста од „Метју“, кој претходно ги погоди Карибите.

Властите на Хаити во меѓувреме соопштија дека билансот жртвите на ураганот, кој претходно оваа недела мина преку Хаити, достигнал 339 лица.

„Метју“ е на четвртиот степен на петстепената Сафир Симпсонова скала за моќноста на ураганите. Ветровите се со брзина од 215 километри на час. Тоа е првиот моќен ураган, кој се очекува да ги погоди САД директно во период од повеќе од една деценија.

Според американскиот Центар за урагани ова може да биде најмоќната природна непогода, која ќе го погоди североисточниот дел на Флорида во изминатите 118 години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.