Прогласена вонредна состојба во Либија

Либискиот Генерален национален конгрес на посебна седница прогласил вонредна состојба во земјата.

Оваа одлука следи по најновите судири во јужниот дел на земјата во кои што вооружени групи зазеле една воена база.

Станува збор за базата Таменхант, во близина на градот Себха, каде веќе неколку дена беснеат племенски судири, во кои што загинаа 30-тина луѓе.

Портпаролот на либиското министерство за одбрана Абдеразак ал Шебахи објавил дека војската повторно ја освоила базата и дека ги гони напаѓачите кои побегнале во пустината. Во таа потера се вклучени и либиски воени авиони.