Прогласени најдобрите паметни телефони на годината

Експертите ја составиле листата на петте најдобри паметни телефони кои се појавија досега на светскиот пазар во 2018 година, пишува порталот Business Insider.

Една од новините на којашто според авторите „вреди да се потроши“, е кинескиот смартфон OnePlus 6. Неоспорни за високите квалитети на водечките паметни телефони кај овој уред се квалитетната камера, процесорот Qualcomm Snapdragon 845 и шест гигабајти оперативната меморија. Експертите, исто така, истакнуваат дека уредот има вградена батерија со технологија за брзо полнење. Уште еден плус кај овој кинески телефон е специјалната верзија на Android наречена Oxygen OS.

Стручњаците, исто така, го истакнуваат и моделот Galaxy Note 9, новиот продукт на јужнокорејскиот технолошки гигант Samsung со 16,5 сантиметарски OLED дисплеј, моќна батеријата и добра камера. Уредот е засилен и со пообемна внатрешна меморија до 512 гигабајти. Покрај тоа, во комплет со уредот оди и надградениот стилус S Pen.

Во првата петорка е вклучен уште еден од водечките модели на корејската компанија – Samsung Galaxy S9, којшто според авторите, е најубавиот од постојните паметни телефони. Како што пишува Business Insider, моделот Galaxy S9 „добил сé“: голем OLED екран, одлична камера, вграден монитор за следење на срцевиот ритам, скенер за отпечатоците на палците и функција за распознавање на ликот, брз полнач, како и безжична батерија.

Еден од фаворитите на порталот е моделот LG G7 Thinq „кој потсетува на Android верзија на iPhone X, но е неколку стотици долари поевтина“. Меѓу предностите на овој паметен телефон, авторите на листата укажуваат на 15,5 сантиметарскиот екран, заштитата од влага, квалитетните звучници, камерата со ултраширок објектив, процесорот Qualcomm Snapdragon 845 и безжината батерија.

Уште една новина на пазарот на смартфоните според експертите претставува и моделот Moto G6 на Motorola, буџетски најдостапниот уред од листата. Кај моделот ги истакнуват глемиот дисплеј од 14,5 сантиметри, моќното и брзо полнење на уредот и добрата камера.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.