Прогласени победниците од третата Дедомразовска трка

трка

Победници во категоријата млади се: Марко Јовановски (прво место), Калина Марковска (второ место) и Ива Цветковска (трето место). Во категоријата жени прва на целта стигна Рената Соколовска, второ место освои Тамара Славевска, а трето Ивана Кипријановска. Во категоријата мажи победник е Дарио Ивановски, на второ место Атанас Анчевски  и на трето место Богдан Цветковски.

Трка Дедо Мраз 2

– Организацијата и реализацијата на денешниот настан се одржа совршено благодарејќи на нашите спонзори и поддршката која ја имавме од Град Скопје. Очигледно е дека сите учесници се расположени и убаво си поминуваат на овој забавен настан. Сакам да им се заблагодарам на сите кои учествуваа во денешната трка и да им честитам на победниците, истакна Методија Саздов, претседател на организацијата „Прв до врв“.

Дедомразовската трка се одржа во склоп на Новогодишниот базар „Подари среќа“. Трката почна напладне од плоштадот „Македонија“ каде и заврши по изминатата рута: улиците „Никола Вапцаров“, „Димитрија Чуповски“, „Даме Груев“, „Филип Втори Македонски“, покрај кејот на Вардар од МНР кон Археолошкиот музеј, плоштадот „Филип Втори“ и Камениот мост.

Трка дедо Мраз 3

Наградите и медалите на најдобрите во трката им ги доделија претставници на Град Скопје, Конгресниот центар „Александар Македонски“, „Прв до врв“ и „Кока-кола“. За останатите учесници имаше подароци од организирана лотарија.