Прогласено примирје во деловите на Авганистан погодени од земјотрес

Авганистанските талибанци денеска прогласија прекин на огнот во деловите на Авганистан кои пред три дена беа погодени од катастрофалниот земјотрес со интензитет од 7,5 степени според Рихтеровата скала.

– Ги советувавме нашите муџахедини да се воздржат од напади врз сите оние кои се обидуваат да им помогнат на жртвите на земјотерсот, вклучувајќи ги тука и претставниците на Владата во Кабул, изјави портпаролот на талибанците Забиулах Муџахид.

Тој нагласи дека талибанците сепак ќе возвратат, доколку бидат цел на напади.

Муџахид не прицизираше до кога ќе трае овој едностран прекин на огнот.