Прогноза: Четиригодишни времиња во еден ден

Во текот на денешниот ден ќе имаме можност да „вкусиме“ помалку од секое годишно време бидејќи метеоролозите за денеска ни најавуваат по малку облаци, сонце, дожд, па дури и снег, а сето тоа „зачинето“ со ветер.

„Променливо облачно со сончеви периоди и со повремен локален дожд, а на планините слаб снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер“, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Температурите ќе се движат од пет степени во високите планински региони до 15 степени во јужните делови од земјата. Во Скопје ќе преовладува слично време со температура од 13 степени.