Со програмата 30/35 и лицата над 30 години може да завршат факултет

Со програмата 30/35 лицата над 30 години ќе може да завршат факултет.  Од денеска е објавен конкурсот за упис во јавните високообразовни установи во академската 2015/2016 година, за лица над 30 години жени и над 35 години мажи.

Обезбедени 670 места за дефицитарни занимања

Преку програмата 30/35, со која што се обезбедува поголема достапност на високообразовните установи во земјата за лицата коишто поради какви било причини во минатото не биле во можност да го надградат и формализираат високото образование, односно да се стекнат со факултетска дипома,  годинава се обезбедени 670 слободни места за дефицитарни занимања, односно за занимања кои се атрактивни на пазарот на трудот.

-Проектот 30/35 се спроведува веќе шеста година по ред. Сите заинтересирани граѓани на возраст од минимум 30 години за жени, односно 35 години за мажи, со претходно завршено четиригодишно средно образование и заснован работен однос на неопределено или пак невработени лица кои се пријавуваат во АВРМ најмалку 5 години, ќе им се овозможи да се запишаат на студиска програма за прв циклус на студии, со годишно кофинансирање на студиите од 200 евра во денарска противредност, истакна заменик министерот Сприро Ристовски.

Во рамки на Програма 30/35 понудени 44 студиски програми на 16 факултети

Досега преку Програмата 30/35 на факултет за запишале 1500 лица
Досега преку Програмата 30/35 на факултет за запишале 1500 лица

Во однос на слободните места на Универзитетите во државата, заинтересираните може да се одлучат за некои од факултетите во Скопје, Тетово, Битола и Штип. На Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје има  230 слободни места , 315 на Државниот универзитет во Тетово, 45 на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ во Битола и 80 слободни места на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Се работи за понуда на вкупно 44 студиски програми, односно насоки, распределени на 16 факултети. Конкурсот е проектиран согласно резултатите од деталната анализа на потребите на пазарот на трудот во земјата и утврдувањето на дефицитарните занимања, односно занимањата кои се актуелни, истакна Ристевски.

Сите подетални информации за конкурсот може да се пронајадат на веб страницата на Министертвото за образование www.mon.gov.mk  или на самите факултети.

Програмата 30/35 се применува од академската 2010/2011 година

Инаку оваа програма почна да се применува во студиската 2010/2011 година, како програма 35/45. Со оваа програма првично се предвидуваше можност за запишување во високообразовните установи на лица на возраст од минимум 45 години за мажи, односно 35 години за жени со претходно завршено четиригодишно средно образование, кои имаат засновано работен однос на неопределено време или, пак, се невработени и се пријавуваат во Агенцијата за вработување најмалку пет години.

Намалена старосната граница

Возрасната граница од програмата 35/45 за запишување на повозрасните граѓани на државните факултети беше намалена и од академската 2014/2015 овој проект е попознат како програмата 30/35. Оваа одлука беше донесена од страна на Владата врз основа на направените анализи дека оваа возрасна група е заинтересирана за дооформување на образованието.

Целта е оваа можност под истите поволности и останати услови како и досега, да им се понуди на уште поголем број лица кои сакаат да го формализираат своето високо образование, а кои поради какви било причини во минатото, не можеле да го сторат тоа, рече по повод намалувањето на старосната граница тогаш прес-конференција министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.

Досега преку овој проект на факултет за запишале 1500 лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.