Програмата Кембриџ од септември и за ученици од 4-то до 6-то одделение

Од септември и учениците од четврто, петто и шесто одделение ќе учат по Кембриџ програмата, од квалитетни учебници, без грешки и содржински прилагодени на возраста на децата.

Нови наставни програми ќе има за математика и природни науки. Книгите се во завршна фаза, чекаат одобрување во Лондон а на почеток од август ќе се печатат  и дистрибуираат до сите училишта на сите јазици. Заменик министерот за образование  вели дека програмата одговара со возраста на децата,  наставниците се тие кои треба да им ја доближат на учениците.

-Децата во Република Македонија не се ништо поразлични од децата во Британија, прашањето е како ние тоа ќе им го понудиме и како ние ќе ги научиме да сето тоа го совладаат. Јас верувам и во капацитетот на наставниците и на учениците, изјавува заменик министерот за образование, Спиро Ристовски за Сител.

Во текот на летото наставниците ќе мора да одат на обука. Кембриџ програмата во основното образование ќе се заокружи за една година кога сите книги по математика и природни науки ќе претрпат  корекции.

Македонија е една од 160-те земји кои во образовниот процес имаат воведено Кембриџ.  Учебниците се бесплатни и годинава по седми пат ќе бидат на товар на државата.

Квалитетните учебници, без грешки, содржински ќе биде прилагодени на возраста на децата.