Производителите на сливи повторно на протест, незадоволни од односот на владата

Делчевските производители на модра слива откако, како што велат, не добија никаков одговор на нивните барања за решавање на проблемот со откупот на сливи, решија своето незадоволство да го искажат денес со протест и блокада на Меѓународниот пат А3, кој од Делчево води кон бугарската граница.

Протестот се организира со цел да се надмине кризната состојба, која се појави поради непостоење на никаков откуп на пијанечкото сино злато, кое во делчевскиот регион се мери на околу 6000 тони, род што скапува по нивите. Бидејќи не вроди со плод неодамнешниот протест пред општинската зграда на кој побаравме надлежните да ни помогнат во пласманот од кој зависи егзистенцијата на многу семејства во регионот, ние најавуваме блокада на Меѓународниот пат А3, изјави производителот Благојчо Митревски.

Се проценува дека без откуп во делчевскиот регион ќе останат околу 6.000 тони модра слива.

Слична е, се посочува, ситуацијата и во Берово и Пехчево каде според тамошните овоштари има 4.000 тони модра слива, која чека на откуп.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.