Производствените цени во еврозоната и ЕУ се зголемија за 0,2 отсто

Производствените цени во еврозоната се зголемија за 0,2 отсто во декември 2013 година, по 0,1 отсто пад во ноември, покажуваат податоците на Евростат.

На годишна основа индустриските цени се намалени за 0,8 отсто. Во повеќето сектори тие останале стабилни, со исклучок на градежништвото и енергетскиот индустрија.

Во целата Европска Унија производствените цени исто така се зголемија за 0,2 отсто во последниот месец од годината.