Производството на шумски производи зголемено за 1,7 проценти

производи

Според податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика, зголемување на шумското производство е забележано кај друго обло дрво од иглолисни и листопадни видови, просторно дрво од иглолисни видови и кај огревното дрво од листопадни видови.

Намалување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни и листопадни видови, рудничко дрво од иглолисни и листопадни видови, огревно дрво од иглолисни видови и кај друго грубо обработено дрво, цепаници, дрвени мотки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.