Македонија,Економија

Производството во индустријата поголемо за 4,9 отсто

Производството во индустријата поголемо за 4,9 отсто

Индустриското производство во јуни 2014 година, во однос на јуни лани е поголемо за 4,9 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, производството секторот Рударство и вадење на камен во јуни годинава бележи опаѓање од 9,9%, во секторот Преработувачка индустрија има пораст од 12,8%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација намалување од 33.1%.

Според главните индустриски групи, производството во јуни 2014 година бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,2%, кај Капитални производи за 70.6%, кај Трајни производи за широка потрошувачка за 36.0% и кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.4%. Опаѓање е регистрирано во групата Енергија за 26.9%.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индустриското производство во првото полугодие од оваа година во однос на истиот период лани е поголемо за 4,5 отсто.