Прокопис Павлопулос предложен за претседател на Грција

Грчкиот премиер Алексис Ципрас го номинира Прокопис Павлопулос за кандидат за претседател на Грција, јави дописникот на МИА од Атина.

Грчките пратеници утре вечер ќе гласаат за избор на претседател на земјата.

За да биде избран во првиот круг, кандидатот за претседател треба да добие поддршка од три петтини од пратениците во 300 члениот парламент, односно најмалку 200 гласа.

Павлопулос (64) е истакнат грчки правник, универзитетски професор и политичар. Како член на конзрвативната партија Нова демократија, тој беше министер за внатрешни работи на Грција од март 2004 до септември 2009 година.