Пролетен базар на домашни ракотворби 2016

Изработки на накит од филигран и монистра, украси, рачни ракотворби, плетиво, изработки од камен и цртање на украси на камења, изработки на производи од филц и декоративни украси и облека од филц, цртање на чаши со македонски мотиви, уникатни изработки на цветни аранжмани од бонбони.

Сето ова ќе биде промовирано на Пролетниот базар на домашни ракотворби 2016 што утре и задутре ќе се одржи на Плоштадот Филип Втори, со почеток во 11 часот, е во организација на Занаетчиската Комора Скопје.

Poster.cdr

На пролетниот базар, што се одржува под покровителство на Град Скопје, ќе бидат изложени домашни ракотворби и практично претставени голем број занаети, како  и нивното значење и влијание врз квалитетот на живеењето на граѓаните.

Целта на овој настан е да се истакне значењето на овие кадри  за занаетчиството и стопанството, средното  стручно образование, практичната обука и стекнувањето  вештини и компетенции, а се со цел поттикнување на младите  да се запишуваат  во средните стручни училишта. Исто така, да се промовираат занаетчиските занимања  кои нудат перспектива и можност за вработување, како и да се промовира и одржи традиционалното занаетчиско производството и поттикне размената на искуства и знаење на занаетчиите, зголемување на продажбата на занаетчиските  производи и услуги и зголемување на туристичката понуда преку претставување на занаетчиството како бренд и симбол на препознатливост на Град Скопје.