Некои трендови постојано ги бараме, како да посакуваме да се случат, а некои едноставно отсекогаш се тука.
Нема ништо ново во белиот џинс, тој отсекогаш бил тука, а изгледа неверојатно во летниот период.
Со белите фармерки лесно можете да создадете свеж и чист, но и мошне софистициран изглед.
Еве како славните ѕвезди оваа пролет го комбинираат белиот џинс.