Пролетна акција за чистење на Матка

Со акцијата за чистење на кањонот Матка во општина Сарај денеска почнува пролетна кампања за собирање на неправилно одложениот отпад низ сите населени места во општината, пренесе МИА.

Во првата акција, покрај кањонот ќе се чисти и дивата депонија во село Рашче.

На почетокот на кампањата ќе присуствуваат министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и градоначалникот на општина Сарај, Беким Мурати.