Пролетна промотивна понуда за станбен кредит на Стопанска банка

Како лидер на пазарот за станбени кредити, следејќи ги насоките на пазарот и барањата на клиентите, Стопанска банка ја почнува пролетната сезона со атрактивна понуда за сите поднесени или одобрени барања за станбен кредит од петти март до петти јуни оваа година.

Покрај гарантираните каматни стапки за првите пет години, Стопанска банка на клиентите им нуди значително олеснување односно нула денари за административни и трошоци за процена.

Со оваа понуда, Стопанска банка им помага на клиентите да го направат првиот чекор во својот нов дом и ја потврдува поддршката што во своите 70 години ја гради и нуди за генерации на клиенти.

Станбените се долгорочни кредити и се обврска за буџетот која семејството мора внимателно и детално да ја планира.

Токму затоа, банката нуди кредит со пет години гарантирани годишни каматни стапки и тоа пет отсто за првите три години и шест отсто за следните две години. По истекот на петте години во примена е променливата годишна каматна стапка која во моментов изнесува 6,89 отсто.

Најголеми поволности користат клиентите кои платата ја примаат преку Стопанска банка изразени преку трајно намалени каматни стапки, но и скратена процедура и потребни документи.

Станбениот кредит може да се користи за купување на стан, куќа, изградба / надградба на куќа, купување на деловен простор и рефинансирање по најповолни услови на кредити од други банки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.