Пролетни маски за коса

Домашните пролетни маски за потхранување и ревитализација на косата ќе ви одземат само 30 минути од вашето време. Еве ги нашите предлози:

Маска со кокос и мед

Оваа маска е идеална за оштетена коса. Кокосовото масло и медот имаат својства кои ја негуваат оштетената коса. Измешајте 1 лажица кокосово масло со 1 лажица мед.
За да направите маска малку лесна за нанесување, загрејте ја смесата за кратко во микробранова печка или во тенџере на водена бања. По нанесување оставете косата да се исуши. Потоа исплакнете и измијте ја со шампон.

Маска со банана

За најдобри резултати треба да ја оставите маската да делува околу 20-25 минути.
Измешајте 2 згмечени банани, 1 лажица кокосово млеко и 1 лажица мед. Состојките можат да се мешаат рачно или во блендер. Маската се нанесува на сува коса. Се остава да делува 25 минути и измива со шампон.

Маска со авокадо и жолчка

Авокадото обезбедува многу влага и помага за нејзино задржување во длабочина на влакното.
Измешајте убаво една жолчка, една лажичка екстра девственото маслиново масло и една лажичка мед. Одделно испасирајте го авокадото или столчете го до фина текстура. Потоа измешајте го со останатите производи и нанесете на влажна коса.
Оставете ја смесата да делува врз скалпот за околу 15-20 минути и исплакнете.

Маска со мајонез и авокадо

Оваа маска е одлична за сува и оштетена коса на која ѝ е потребна дополнителна влага. Измешајте во сад ½ авокадо, ¼ чаша мајонез, 1 лажица кокосово масло, 1 лажичка маслиново масло, 1 лажичка мед и ¼ чаша мајонез.
Ако имате блендер ќе ви биде полесно да ги измешате состојките до хомогена смеса. Нанесете ја маската на мокра коса. Ставете ја во капа за бања и останете така 30-40 минути. Важно е потоа да ја измиете косата со млака вода, не топла. Така ќе се задржи повеќе влага во косата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.