Пролетниот самит на ЕУ од американските царини, преку даноците до односите со Русија и Турција

Челниците на земјите членки на Европската унија, ќе се соберат во четвртокот и петок на пролетниот самит на коишто, меѓу другото, ќе се разговара за тргоијата и американските царини на челикот и алуминиумот, за економската ситуација во ЕУ, за оданочувањето на мултинацоналните интернет компании, како и за односите со Русија и со Турција.

На дневниот ред на состанокот на врвот на европските челници, исто така, се и прашањата на Брегзит, подготовките за самитот на ЕУ за Западен Балкан кој ќе се одржи во мај во Софија, а предвиден е и посебен самит на 19 шефови на држави и влади од еврозоната, кои што ќе разговараат за долгорочни реформи на економската и монетарна унија.

Предвидена е и куса расправа за Западен Балкан, во пресрет на самитот кој е закажан за 17-ти мај во бугарската престолнина Софија којашто го има шестмесечното претседателство со ЕУ, а на којшто ќе се соберат челниците на Унијата и на шесте земји до Западен Балкан. ЕУ порачува дека тоа нема да биде самит за проширувањето, туку за конкретни форми на помош за овие земји, на пример, за подобрата инфраструктурна поврзаност.

Самитот започнува во четвртокот попладнето. По традиционалниот говор на претседателот на Европскиот парламент, кој во пресрет на секој самит им се обраќа на челниците за земјите членки, започнува расправата за трговските прашања, односно за американската одлука за воведување царини на увозот на челик и алуминиуми. Европската унија сака со Вашингтон да испреговата изземање од царините за овие производи.

„Ние ја поддржуваме Европската комисија, којашто моментално води преговори за изземање на Европската унија од планираните царини на челикот и алуминиумот. Мораме да бидеме подготвени за сите сценарија. Како најголема светска трговска сила ние мораме да бидме одговорни и разумни“, се наведува во писмото со покана која на челниците на членките им ги испрати претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

Потота ќе следува дебатата за Брегизитот, односно за тоа како да им се пристапи на продолжувањето на преговорите со Велика Британија, вклучителни и за идните односи меѓу Брисел и Лондон. Челниците би требало да го прифатата првиот дел од насоките за преговорите за идните односи.

Во понеделникот преговарачите на ЕУ и на Обединетото Кралство постигнаа договор за дел од спогобата за излегувањето од Унијата, вклучително и за преодниот период. Меѓутоа, Туска вели дека останува „отворени прашањето“ дали сите 27 земји ќе го прифатат тој договор.

„Потребни ми се уште неколку часови консултации со некои од најзагрижените земји“, вели Туска во своето писмо без да наведе за кои држави станува збор.

Насоките за преговорите за идните односи ќе бидат усвоени во петокот на самитот ЕУ 27. За нив повторно ќе се дискутира на самитот во јуни и, доколку има потреба, ќе бидат дополнети за евентуално а се усогласат со можните промени во британските ставови доколку има такви.

Во четвртокот британската премиерка Тереза Меј ќе ги извести своите колеги и за истрагата во нападот со нервен агенс врз поранешниот двоен руско-британски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка во Англија, а за кој британската влада тврдека дека „според се’ судејќи“ е одговорна Русија.

„По нападот во Солсбери ние не би требало да само да ја изразиме нашата целосна солидарност со Обединетото кралство, туку и да извелечеме некои оперативни заклучоци, имајќи предвид дека тој инцидент претставува закана за нашата безбедност“, пишува Туск.

Во Европската унија нема единство во поглед на пристапот кон Русија. Во вторникот претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер му честитаѓе на Владимир Путин на повторниот избор за претседател, откако тоа го сторикја и германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон. Честитката наиде на критики особено од британските пратеници во Европскиот парламент, поради тоа што не ги спомнал нападот во Солсбери. Доналд Туск, како претседател на Европскиот совет, уште не му честиташе на Путин, а од европски извори се дознава дека „не би требало да изненади доколку воопшто и нема честитка“.

Претседателот на Европската централна банка (EC), Марио Драги, ќе учествува во дебатата со челниците на земјите членки за економската ситуација, а шефот на еврогрупата Марио Центен ќе ги извести за тоа што моментално работи еврогрупата на воспоставувањето банкарска унија.

Во текот на работната вечера, челниците ќе разговараат и за дигиталната економија. Комисијата ден претходно, во средата ги претстави предлозите според коишто на големите дигитални платформи, како оние на Google, Apple, Facebook и Amazon, ќе им се напалтува данок во секога земја во којашто остваруваат приходи,. Комисијата ја разгледува можноста за данок од 2 до 6 остот на прометот кој го остваруваат споменатите комисии. Туск истакнува дека растот на дигитланта економија станува се’ поголем предизвик за даночните системи, кои главно се осмислени за „опипливата економија“.

„Физичкото присуство им дава на владите право да извршуваат даночна власт. Растот на новите технологии доведе до многу различни пазарни реалности каде што дигиталните претпријатеија делуваат без физичка присутност, Таа неусогласеноста и фактот дека вреднсота на дгиталните фирми произлегува главно од нивната неопиплива сопственост доведува до недостиг во нашите даночни системи кога станува збор за оданочувањето на дигиталните активности“, наведува Туск во писмото до челниците.

Останува прашањето како да се одговори на тие предизвици. Дел од земјите членки сметаат дека оданочувањето на дигиталната економија е биде ефикасно само диколку се договори на глобално ниво, додека другите мислат дека ЕУ не може тоа да го чекаа и дека треба самата нешто да преземе во оваа сфера.

Во петокот по самитот на ЕУ 27 на којшто ќе бидат усовени заклучоците за Брегзит, ќе се состанат челнциите на 19-те земји членки на еврозоната кои ќе разговатаат за продлабочување на економската и монетарната унија. На тоа најмногу инсистира францускиот претседател Емануел Макрон, кој сака еврозоната како целина да преземе што поголем дел од овластувањата на нејзините членки. За тоа нема да има пишани заклучоци, а Туск на дневен ред ставо само два сета прашања кои се однесуваат на реформата на еврозоната, а на којашто очекува одговори од челниците.

Првиот се однесува на ткн „фискален капацитет на еврозоната“, која би била неговата цел, на пример, макроекономската стабилнсот, оддршката за инвестициите и вработувањата, промовирање на структурните реформи, и дали тоа треба да биде дел од буџетот на ЕУ или посебен инструмент надвор од заедничкиот буџет на целата Унија. Фискалниот капацитет во европскиот жаргон е вториот назив за буџетотм, кога станува збор за еврозоната.

Вториот сет на кој траба да се дадат одговори се однесува на политиката на одлучување во еврозоната Трелба ли на европско нив повеќе да се прави на поттикнувањето на конкурентноста и структурните реформи, намалување на нерамнотежата и постигнување одрќлива конвергенција? Треба ли да се стори повеќе за да се обезбеди фискална одговорност и кои инструменти би се користеле за таа цел?, се само некои од прашањата на кои челниците сакаат да добијат одговори.

Челниците на членките на ЕУ, исто така, ќе разговараат и за Турција во пресрет на состанокот ан претседателие на европските институцаа и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган следниот понеделник во бугарскиот црноморски град Варна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.