Пролонгиран штрајкот во Рио де Жанеиро и Сао Паоло поради мундијалот

Синдикатот на персоналот на трите аеродроми во бразилскиот град Рио де Жанеиро објави 24-часовен штрајк, кој ќе почне на полноќ. Во него, како што е соопштено,  учествуваат 20 проценти од службениците кои бараат зголемување на платите и подобрување на условите на работа.

Прес-службата на синдикатот информира дека 80 проценти од персоналот ќе работи денеска поради Мундијалот, за кој авиопреозниците предвидоа вонредни планови за работа од 12 јуни до 13 јули.

Вработените пак во метрото во бразилскиот град Сао Паоло одлучија да не го продолжат штрајкот, за да не предизвикаа проблеми во движењето на фудбалските навивачи, кои денеска ќе го проследат натпреварот на отварањето на Светското првенство во фудбал.

По петте дена штрајк, кои предизвикаа хаос во 20-милионскиот мегалополис, вработените во метрото одлучија да не го продолжуваат штрајкот и покрај тоа што властите исполнија само дел од барањата и не ги вратија 42-цата отпуштени работници.

„Застанавме пред една многу силна Влада и го парализиравме најголемиот град во Латинска Америка. Добивме значително зголемување на платите, но решивме да запреме“, изјави претседателот на синдикатот.