недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 26

Промена на името и двојазичност за идентитетска ликвидација на Македонија

Енергично се спротивставуваме на таквиот подмолен геноциден проект планиран од внатрешни и надворешни деструктивни сили. Два крупни елемента се изделуваат во него сега во предизборните валканици: прво барањето за употреба на албанскиот јазик на цела територија на Македонија, и под два: планот за конечна промена на името што го иницира во својата предизборна реторика Мендух Тачи, велат од „Македонски манифест“

e0229507-d477-44d1-aa18-07d9f0f7231b-makedonsko-zname-645x360

Последни вести

Уцените на Мендух Тачи за промена на уставното име на Македонија и најавите за употреба на албанскиот јазик  во цела држава, се дел од проект за идентитетска ликвидација  на Македонија, велат од здружението „Македонски Манифест“ кои преку отворено писмо   остро се спротивставија на  ваквите најави.

„Со ова писмо, господине Тачи, Македонски Манифест, ви се обраќа вам и на другите екстрарадикални албански политичари, но и на сите помрачени црпнати заевци, одродени Македонци, со опомена дека Македонците по никоја цена, па биле тоа и вашите омилени НАТО, Америка и ЕУ, нема да го трампи името за вашата желба за наше непостоење…. Заев и неговите соросови истомисленици не, но останатите Македонци сме подготвени да кренеме востание и да се бориме до последен здив за името. Ако треба и до исчезнување, што нема никогаш да се случи, но со борба, а не со кукавичлак“, пишува во писмото на „македонски манифест“.

makedonski-manifest

Во писмото  реагираат и за најавите на лидерот на СДСМ Зоран Заев за говорот пред албанската дијаспора во Швајцарија каде велеше дека треба да се прошири Рамковниот договор.

„Јас сум истиот Зоран Заев, кој што ја отвори јавно употребата на јазиците во Македонија и еднаквоста и рамноправноста во државата. Јас сум истиот тој што го гледавте и по Фејсбук и по телевизии кој отвори штабови во Арачиново и Чегране. Македонија ја замислувам, ако знаеме кинекси, кинески да се разбереме, ако знаеме англиски, англиски да се разбереме, француски-  француски, албански- албански, македонски- македонски, да се ослободиме“,  рече Заев пред еден месец говорејќи на трибина во Берн.

Истражувањата на јавното мислење покажуваат дека граѓаните не се за двојазичност и федерализација на Македонија. Според резултатите од анкетата на институтот „Павел Шатев“, 93,5 отсто се против редефинирање на државата.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски токму со цел да се запрат сценаријата за воведување на двојазичност и кантонизација на државата побара поддршка за 63 пратеници. Време е, рече Груевски, да му испрати порака на Заев и оние што се договарале со него дека не можат да го надмудрат македонскиот народ.

„Народот ги препозна неговите планови и неговиот договор со некој однадвор неговото здружување ти мене премиер ти мене редефинирање на македонија . вели сега му е мајката да сега му е мајката да те избришеме од политичката сцена и да им пратиме порака на тие што се договарале со него дека овде има мудри луѓе дека има луѓе кои ја сакаат оваа држава и не можат да ги надмудрат“, рече Груевски од митингот во Кисела Вода.

Груевски упати порака до граѓаните дека во овие момент е особено важно да се даде поддршка за партија која се бори за зачувување на унитарноста на државата. Според Груевски, гласот за малите партии и некои од коалициите формирани пред овие избори ќе значи глас за СДСМ и нивните планови за редефинирање на државата.

„И гласот за оние малите партии или пак не гласањето е исто како да се гласа за СДСМ. Секој еден кој нема да гласа, ќе направи неважечко ливче или ќе гласа за некоја од малите партии или коалиции треба да знае дека прави потег со кој му помага на Зоран Заев и СДСМ и нивните планови со разни криминално разузнавачки структури кои кројат друга капа на Македонија“, рече претседателот на ВМРО ДПМНЕ.

Груевски вели информациите кои ги добил говорат дека токму коалициите кои што се формираа неодамна се формирани наменски за да се земат дел од гласовите на ВМРО ДПМНЕ  и со тоа да се придонесе кон остварување на плановите на Заев и СДСМ за разнебитување на Македонија.

Најчитани вести