ПРОМЕНА НА ИМЕТО НА МАКЕДОНИЈА- Клучната и крајната цел на Тиранската платформа

Артан Груби, кој е шеф на кабинетот на претседателот на ДУИ, Али Ахмети во дебатна емисија изјави дека на сите им било јасно оти без промена на името не можело да се направи исчекор кон Европската Унија и НАТО.

-Сите ние што сме тука знаеме и не само ние, туку и Вашингтон и Брисел дека ако Македонија не го смени името во согласнот со барањата на Атина, не може да направи прав чекор кон НАТО и ЕУ. Името не може да го промени ниту ДУИ, ниту БЕСА, ниту пак ВМРО сами или пак СДСМ сами. За името треба сите заедно да постигнеме консензус и можеби ова е една многу добра можност и ако се има добра волја, овие резултати во Сoбранието можат да ни овозможат решение да го заокружиме случајот со името, рече Груби.

Освен Груби, слична изјава претходно даде и политичкиот аналитичар, кој беше министер и кандидат за претседател на СДСМ, Љубомир Фрчкоски.

-Со американските партнер, ние мора нешто да направиме околу името и влез во НАТО оваа година. Нешто мора да се направи на тој план, влез во НАТО директно ќе ја дигне владата на едно ново нив. Тука нешто мора да се направи, дали со решение за името, дали со ФИРОМ, како не знам, ама ќе има начин, ќе има шанса, ќе се постави тоа на маса и треба таа шанса да грабнеме. Нас ни треба НАТО оваа година, истакна Фрчкоски.

Коалицискиот партнер на СДСМ, Зијадин села имаше многу скандалозни изјави, во кои го негираше македонскиот идентитет.

-Историската реалност на Македонија ја знае целиот свет и е многу апсурдно за еден народ што го нема својот идентитет, во конкретниот случај се Македонците, Албанците биле многу коректни и им помагале да го градат тој идентитет и сега вие го оспорувате нашиот идентитет. Со пописот од пред 100 години не постои македонски народ, вели Зијадин Села во скандалозната изјава.

За тоа дека целта на Тиранската платформа е промена на името предупреди и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

-Целта на овој документ е прифаќање од страна на сите политички партии, но задржување на унитарноста на државата и да не се оди кон урнисување и растурање на нашата држава која што тешко ја добивме. Исто така со ова треба да се спречи и промена на името по грчи терк и на исти начин решение за идентитетот на Македонците, истакна Груевски во последното интервју на Телевизијата Канал 5.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.