Промена на законот: Зелениот картон нема да важи една година

Наместо со важност од една година зелен картон да може да се вади и со покус рок на траење, пренесе Прес24.

Според информациите, Владата на Република Македонија веќе разговарала на ова прашање. Фактор дознава дека во Владата веќе се разговарало за ова прашање на седницата што се одржа пред пет дена.

Извори од Владата, неофицијално брифираат дека сега Министерството за финансии треба да направи комплетна анализа со која ќе се разгледа можноста за важност на зелениот картон во пократок рок.

Според, сознанијата за оваа опција  веќе се информирани и некои од осигурителните компании кои треба да дадат свој став по ова прашање.

Со измените што беа направени пред некоку години, зелен картон наместо за неколку месеци, може да се извади само за цела година.

До 2011 година, цената на зелената карта зависеше од видот на возилото и од периодот на покритие. Зелена карта можеше да се издаде за период од 1 месец, 3 месеци, 6 месеци и годишна зелена карта. Со промените од 2011 година, зелена карта се издава со покритие од една година, но не подолго од периодот на траење на полисата за осигурување од автоодговорност во земјата.

Сега владата размислува, повторно да го врати назад старото законско решение со кое зелен картон ќе може да се вади и со важност од неколку месеци.