Променете го сексуалниот живот за само 15 минути

Можете да поминете цела романтична процедура: цвеќе, вечера, комплименти, предигра. Но, она што навистина ќе го импресионира вашиот партнер/партнерка најверојатно ќе биде вашето однесување веднаш потоа.

Не секој маж бега од креветот веднаш по сексот, како што ни апсолутно секоја жена сака мазење, но веројатно поподготвени сте во предиграта отколку во постиграта. А науката ни говори дека и тоа како е важно да се смириме и да дојдеме при себе по возбудата.

Петнаесет минути мазење по сексот се покажало поврзано со поголемото сексуално задоволство и поголемото задоволство во врската.

Но, не сите парови гледаат еднакво на мазењето по сексот. Стереотипно е размислувањето дека сите жени сакаат да се мазат, а мажите не. Но, стереотипите постојат за да бидат разбиени. Па, понекогаш мажите сакаат некоја минута одмор и прегратка со саканата за разлика од жените.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.