Променете ја вашата судбина: Како да се решите од лошата среќа?

Ако на лошите настани во вашиот живот реагирате со прифаќање, односно ако ги прифатите како: „Тоа е- што е“, тогаш следните настани веќе ќе ја оддржуваат таа состојба на свеста.

Взаемната поврзаност помеѓу вашата состојба на свеста и на тоа што се случува со вас не е секогаш очигледна. Поврзаноста, корелацијата помеѓу она што се наоѓа внатре во вас и она што се случува со вас или со она што го привлекувате во вашиот живот.

Уште повеќе, тоа што ви се случува не е вашата судбина. А луѓето мислат дека нивната судбина се одредува токму со она што се случува со нив:

Она што ми се случува, го одредува мојот живот.

Вашата судбина се одредува со тоа како реагирате на тоа што ви се случува. А тоа што ви се случува потоа, се одредува со тоа како реагирате на тоа што сега ви се случува.

На тој начин, кога сега ви се случува нешто лошо, како што вам ви изгледа и кога нешто ќе тргне наопаку, а вие на тоа реагирате негативно, вие со тоа го привлекувате следниот негативен настан.

Ако на тоа реагирате со прифаќање, ако го прифатите како: „Тоа е што е“, тогаш веќе следниот настан ќе ја одржува таа состојба на свеста. Голем број луѓе се зафатени со бескрајниот тек на „лоши“ настани што им се случуваат. Тие не сфаќаат дека во секој миг постои можност да се ослободат од тоа и да го променат својот живот, само треба поинаку да реагираат на она што им се случува.

Вашата реакција на настаните што ви се случуваат во сегашниот момент, а не тоа што се случува ја одредуваат вашата иднина. Вашата реакција на тоа што се случува го одредува следниот момент.