Променете ја вашата кожа за цел живот

Годините ја менуваат вашата кожа, сега вие имате можност да ја промените вашата кожа за цел живот. Кремата за лице против стареење Revitalizing Supreme на познатиот бренд Estée Lauder е добитник на престижната модна награда Мери Клер за 2013-та година.

Ексклузивната IntuiGen технологија (која содржи екстракт на црн бамбус) помага во намалувањето на повеќекратните знаци на стареење како што се брчките, недостатокот на цврстина, дехидрираноста и бледиот изглед на кожата.

este_lauder_krem_reklamaМултиактивната хидрантна крема има моќ да одговори на променливите потреби и и помага на кожата да ги активира природните функции против стареење. Во формулата на Revitalizing Supreme се вклучени науката, состојките и длабоката хидратација за да и се помогне на кожата повторно да ги активира природните функции и да изгледа помладо.

Нежната свиленкаста структура исклучително ја хидрира и обновува кожата правејќи ја поцврста, помека и блескава.

Антиоксидансите и анти-иритантите ја штитат и смируваат кожата. Инаку, овој препарат ја прави кожата понежна, почиста и со совршен тен. За само 4 недели користење на овој препарат, 92 отсто од жените изјавиле дека забележале значајно зацврстување на кожата.

Се нанесува наутро и навечер, а најдобар ефект се постигнува доколку се користи заедно со Repair serum на Estee Lauder.