Промените во турскиот устав му овозможуват на Ердоган да остане на власт до 2029-та

По прифаќањето на уставните реформи на референдумот од неделата, со кои се минува од парламентарен во претседателски систем на управување со државата, новите 18 измени драстично ќе го изменат сегашниот највисок законодавен акт во Турција, донесен донесен во 1982 година

Со реформите ќе биде укината должноста премиер, а претседателот на државата истовремено ќе стане и шеф на извршната власт. Вкупно 18-те промени во реформи ќе му овозможат на турскиот претседател да именува и менува министри, да се кандидира уште двапати за шеф на државата и повторно да го преземе водството на партијата од којашто потекнува, што досега беше исклучени и во уставот и во статусите на партиите кои го даваа премиерот. Покрај тоа, се предвидува и зголемување на бројот на пратениците, како и реформирање на Врховниот совет на судиите и обвинителите.

Предвидено е и намалување на независноста улога на армијата во политичкиот живот на земјата, којашто во историјата доживеале неколку пучеви, а последниот неуспешен обид за воен преврат се случи на 15-ти јули минатата 2016 година, кога фракција во војската се обиде да ги собори токму Ердоган и исламско конзервативната влада на Јилдирим.

Според главната измена, шефот на турската држава ќе има извршна моќ, ќе може да именува истакнати официјални лица, вклучувајќи ги и министрите. Тој ќе може да одреди еден или повеќе потпретседатели, а функцијата премиер, која моментално ја извршува Бинали Јилдири, се укинува.

Ќе биде засегнати и правосудството, кое Ердоган го обвинува дека е под влијание на приврзаниците на неговиот некогашен сојузник, а сега противник имамот Фетула Ѓулен, кој од 1999 година живее во доброволен егзил во САД, и кого го обвинува и за организирање на неуспешниот обид за воен удар од 15-ти јули минатата 2016 година.

Претседателот и парламентот заедно ќе можат да изберат членови на Врховниот совет на судии и обвинители, клучно правосудно тело, кое ги именува и разрешува носителите на правосудните функции.

Воените судови, пред кои им се судеше на офицерите, а кои смртна казна му изрекоа на поранешниот премиер Аднан Мендерес по пучот во 1960 година, ќе бидат забранети.

Се предвидува можност за воведување вонредна состојбна во случај на „бунт против татковината“ или „акти на насилство, кои ја довеле нацијата во опасност“. Вонредната состојба прво се воведува на шест месеци, за разлика од сегашните три, а потоа парламентот на барање на претседателот може да ја продолжува на по четири месеци.

Бројот на пратениците нема да биде ист, ќе се зголеми на 600 од 550. Ќе биде намалена и старосната граница за влез во парламентот, од сегашните 25 на 18 години.

Парламентарните избори ќе се одржуваат на секои пет години, наместо на секои четири, а истиот ден ќе бидат одржувани и претседателски избори.

Парламентот и натаму ќе има овластувања да носи, менува и укинува закони. Ако претседателот е обвинет или осомничен за некое кривично дело, парламентот ќе може да побара истрага.

Претседателот мора да биде државјанин на Турција, со минимална возраст од 40 години и може да биде член на политичка партија. Тие измени ќе му овозможат на претседателот Реџеп Тајип Ердоган да се врати на лидерската позиција во владејачката Партија на правдата и развојот (AKP) во чие основање учествуваше, а којашто мораше да ја напушти и според партискиот статус откако се повлече од премиерската должност и се кандидираше на првите директни претседателски избори во Турција.

Ердоган за претседател е избран во август 2014 година, откако повеќе од деценија мина на премиерската функција.

Новиот устав предвидува следните претседателски и парламентарни избори да се одржат на ист ден, на 3 ноември 2019 година.

Претседателот може да има максимум два петгодишни мандати, со што Ердоган на власт би можел да остане до 2029 година.

Три од вкупно 18-те точки на уставните измени веднаш ќе стапат во сила, а повеќето од измените ќе влезат во сила, откако во ноември 2019 година ќе бидат одржани истовремено претседателските и парламентарните избори.

Една од трите точки, кои веднаш стапуваат во сила се однесува на тоа што на Ердоган ќе му овозможат да се врати на чело на Партијата на правдата и развојот.

Втората точка предвидува преструктурирање на Високиот совет на судии и обвинители, технички независен орган, одговорен за назначување, унапредување, дисциплинирање и разрешување судии и обвинители. Овој орган ќе биде преименуван во Совет за судии и обвинители, а бројот на членовите ќе се намали од 23 на 13. Министерот за правда и неговиот заменик ќе бидат сметани за „природни членови“ на Советот, а од останатите 11, четворица ќе ги избира претседателот, а седум парламентот. Новите членови ќе бидат избирани со мандат од четири години со можност за уште реизбор.

Третата точка се однесува на укинувањето на воените судови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.