Променливо облачно со поројни дождови и грмежи

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со поројни врнежи од дожд и грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови.  Локално се можни поинтензивни процеси со изолирана појава на град и електрични празнења.

Температурата ќе се движи од 17 до 21 степен.

Во Скопје слично време, со температура до 21 степени.

В петок и сабота врнежите ќе бидат локализирани, во западните делови од земјава, а целосна стабилизација на времето со пораст на температурата се очекува од недела.