Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд особено во западните и јужните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од осум до 16, а дневната од 17 до 23 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со повремен дожд и со умерен повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 21 степен.

УВ-индексот ќе изнесува 5.

И во четврток ќе се задржи променливо облачно, ветровито и свежо, а потоа во наредните денови ќе преовладува стабилно и суво време со пораст на дневната температура.