Променливо облачно со сончеви периоди

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, во крајниот југоисточен дел можен е краткотраен локален дожд, а на планините снег. Ќе дува слаб доумерен ветер претежно од северен правец. Температурата ќе се движи од два до осум степени.

Во Скопје слично време со температура до седум степени.

Утре ќе биде сончево со мала облачност, а од среда повторно се очекува променливо облачно со повремен дожд, и снег на планините. Врнежите ќе бидат во источните и западните делови на земјата. Мало спуштање на температурите од околу два до три степени ќе се почуствува во четврток. Кон следниот викенд температурите повторно благо ќе растат и времето ќе биде без врнежи.

фото: eyesindesigns.com

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.