Променливо облачно со сончеви периоди

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за повремен слаб дожд, на планините слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус три до два, а дневната од пет до 13 степени.

Во Скопје  променливо облачно со сончеви периоди. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до три степени.

Од недела следува период на претежно стабилно и суво време со постепен пораст на дневната температура.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.