Македонија

Променливо облачно со сончеви периоди

Променливо облачно со сончеви периоди

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По котлините ќе има појава на слаба магла особено претпладне. Ќе дува слаб северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од еден до шест, а дневната од шест до 12 степени.

Во Скопје времето претпладне ќе биде облачно со слаба магла, а околу пладне се очекува облачноста и маглата да се намалат. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до осум степени.

В сабота ќе преовладува стабилно и суво време со слаба магла по одделни котлини. Во недела ќе има услови за слаб локален дожд и ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе услови опаѓање на дневната температура.