Променливо облачно со температура до 14 степени

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, претпладне на исток со повремени врнежи од дожд, на планините со повремен снег, а попладне ќе има почести сончеви периоди. Ќе дува слаб претежно јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од два до осум, а дневната од 10 до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, во попладневните часови со почести сончеви периоди, а преку денот ќе дува слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 12 степени

Во следните денови ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините врнежите ќе бидат повремено со снег. Поинтензивни врнежи ќе има во среда преку денот кога наместа ќе наврнат и над 20 литри на метар квадратен, а преку денот ќе дува умерен јужен ветер.