Променливо облачно време, попладне со пороен дожд

Времето во Македонија претпладне ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, а попладне нестабилно со пороен дожд, на места обилен и со грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.

Температурата ќе се движи од 20 до 30 степени.

Во Скопје и околината слично време со температурата до 28 степени.