Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од три до 11, а дневната од 13 до 17 степени.

Во Скопје утре слично време, претежно облачно со слаба магла. Во вечерните часови ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 15 степени.

Утре и во петок претпладне ќе се задржи претежно облачно време со врнежи од дожд кои ќе бидат повеќе застапени во четврток. Температурите ќе бидат без позначителна промена.