Променливо облачно и посвежо со дожд

Времето во Македонија вонедела ќе биде променливо облачно и посвежо со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат поројни проследени со грмежи и со појава на град. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер најизразен на север и вдолж Повардарието.

Максималните дневни температури ќе се движат од 16 Целзиусови степени на западот и меѓу 19 и 21 степени на југозападот, 18 степени во североисточниот дел од земјата, до 26 степени на југот.

Во Скопје и околината температурата ќе достигне до 21 степен, додека во централните области до 23 степени.

Влажен бран со врнежи од дожд ќе има во недела од претпладневните часови. Овој бран ќе е проследен со внежите на повеќе места кои ќе бидат поројни и со грмежи.

Во понеделник ќе продолжи да дува северниот ветер, а од вторник ветерот ќе биде јужен и во понатамошниот период ќе е променливо, во попладневните делови од денот ќе има појава на нестабилност повремено и со поројни врнежи од дожд и грмежи.