Променливо облачно со локален дожд

Променливо облачно време со повремен локален дожд не очекува денес.

Врнежи од дожд повеќе ќе има во источните делови во земјата. Ќе дува слаб до умерен ветар од северозападен правец. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервал од 19 до 25 степени.

Во Скопје променливо облачно време

Променливо облачно со локален дожд
Променливо облачно со локален дожд

Во Скопје утре ќе преовладува променливо облачно време. Кон крајот на денот ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветар од северозапзаден правец.

Утринската температура ќе се движи до 11 степени а дневната до 24 степени.