Променливо облачно, можни поројни врнежи

Во четвртокот во Македонија времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните и југозападните делови.

УВ индексот ќе биде со нешто пониска вредност од претходните денови – 7.

Температурите ќе се движат од 21 Целиусов степен во мавровскиот крај, околу 25 во охридско-преспанскиот регион, до 33 степни во јужните области од земјата.

Во Скопје и околината максималната дневна температура ќе достгине 32 степени.

Во петок и сабота условите за нестабилност ќе се намалат и во поголем дел од земјава ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Во недела и понеделник во попладневните часови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.