Променливо облачно, наместа можен пороен дожд

Времето во среда во Македонија ќе биде променливо облачно, а во текот на денот на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Доцна попладне времето ќе се стабилизира. УВ индексот ќе има вредност 7.

Максималните дневни температури ќе се движат од 20 до 28 Целзиусови степени во западните делови од земјата, и меѓу 25 на истокот до 32 степени на крајниот југ.

Во Скопје и околината температурата преку денот ќе достигне до 30-от степен.

Во четврток, како и во петок, преку денот ќе има изолирана појава на нестабилност, претежно во планинските подрачја. Во петок кон крајот на денот и во сабота ќе има поизразена нестабилност, на места со пообилен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.