Променливо облачно, нестабилно, со пороен дожд и грмежи

Променливо облачно, посвежо и нестабилно време не очекува во текот на денешниот ден. Ќе има појава на пороен дожд и грмежи, особено во првата половина од денот и во западните делови.

УВ-индексот ќе изнесува 7, а температурата ќе се движи од 20 до 31 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, нестабилно, со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе достигне до 29 степени.

Во наредните денови ќе биде претежно стабилно со пораст на температурата, но до петок во попладневните часови не е исклучена ретка појава на краткотраен дожд со грмежи.