Променливо облачно, од пладне врнежи

Времето во Македонија во понеделникот ќе биде променливо облачно, од пладне и особено во западните и јужните делови со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни.

Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а УВ индексот ќе биде со вреност 5.

Максималните дневни температури ќе бидат пониски во однос на минатата седмица, и ќе се движат во интервалот од 14 до 18 Целзиусови степени во западните и југозападните делови од земјата, и од 18 до 24 во североисточните и јужните региони.

Во Скопје и околината максималната температура ќе достигне до 23-от степен.

До среда подрачјето на Македонија ќе биде под циклонско влијание и ќе услови претежно облачно и посвежо време, на повеќе места со пообилни врнежи од дожд, особено пообилни во западните и јужните делови на земјава (локално над 50 л/м2 воден талог). До среда ќе остане посвежо преку денот, а потоа температурите ќе се во пораст.