Променливо облачно и посвежо со локални врнежи

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо, претпладне со врнежи претежно на исток, а попладне повремени врнежи ќе има во западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 19, а дневната од 22 до 30  степени.

Во Скопје променливо облачно со врнежи од преку ноќта до утринските часови, а попладне повторно со услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 26 степени.

Променливо облачно ќе биде и во недела, а услови за повремен дожд ќе има во западните делови од земјата.

Во понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во деновите потоа температурата постепено ќе расте.