Променливо облачно со повеќе сончеви периоди

Променливо облачно време со повеќе сончеви периоди во централните делови од земјата не очекува денес.

Во утринските часови ќе биде постудено. Ќе дува слаб до умерен северен ветер поинтензивен вдолж Повардарието. Утринската температура ќе се движи од три до осум, а дневната од 12 до 17 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди попладне. Ќе дува умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од пет до 15 степени.

Следува период на стабилно и суво време, утрата ќе бидат релативно студени, а дневната температура ќе се задржи во интервал претежно од 15 до 20 степени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.