четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 46

Променливо облачно со врнежи од дожд

dozd-cador-2

Поврзани вести

Променливо облачно време не очекува во текот на денешниот ден.

Во утринските часови локално се уште ќе има слаби врнежи од дожд, особено во западните делови на земјава, а преку денот ќе има намалување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, само во крајните југозападни делови на земјава повремено ќе се засилува.

Утринската температура ќе се движи од четири до девет, а дневната од 14 до 20 степени.

Во Скопје во утринските часови времето ќе биде променливо облачно, преку денот ќе има намалување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и северен правец. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 17 степени.

Викендов облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд

Во сабота ќе преовладува претежно облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, само на повисоките планини ќе има врнежи од снег. Ќе дува умерен наместа повремено и засилен ветер од северозападен правец.

Викендов облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд

Викендов облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд

Во недела и во понеделник ќе преовладува стабилно, суво и малку потопло време со мала до умерена локална облачност.

Најчитани вести